Најчесто поставувани прашања
Сè што треба да знаете пред нарачка.
📝
Нарачка и испорака
Како да нарачате, колку трае и што добивате.
Како да нарачам изработка на натална карта?
Можете да ме контактирате директно на мојот Facebook профил Атанасов Марјан или да ми испратите е-пошта на astroloskarabotilnica@gmail.com.
Колку време е потребно за изработка на анализата?
Секоја натална анализа се изработува со посветеност и детална обработка, со цел да добиете квалитетен и темелен увид во вашата астролошка карта.

Времетраење: До 15 работни дена од моментот на нарачката.
Ќе бидете известени веднаш штом вашата анализа е подготвена.
Ве молиме за трпение и доверба во процесот, секоја анализа се работи индивидуално и со посебно внимание.
Што добивам со изработката на натална карта?
Вашата натална карта ќе биде изработена во писмена форма (30+ страници) во зависност од услугата

✔ Детална анализа на положбата на планетите и нивното влијание.
✔ Различни астролошки карти за специфични аспекти од животот.
✔ Периоди на животни настани (махадаши, даши системи).
✔ Предвидувања за иднината и совети за подобрување на животот.

Анализата ќе ја добиете во Word или PDF формат на e-mail или Messenger.
🔮
Услуги и техники
Што работам и со кои методи.
Кои астролошки услуги ги нудите?
Изработка на натална карта (западна или Џотиш / ведска астрологија)
Синастрија – компатибилност помеѓу партнери
Соларна годишна анализа /западна и џотиш
Лунарна месечна анализа
Нумерологија + среќни броеви
Транзитна годишна анализа
Елекција (избор на поволен момент за важни настани)
Прогресии – техника „ден/година“
Астрокартографија – како географските локации влијаат на вас
Ректификација на хороскопот (прецизирање на точниот час на раѓање)
Ритуали и енергетска астрологија (препораки за кристали, медитации, ритуали)

Детални податоци за услугите и цените имате на почетната страница!
Дали работите со ведска астрологија?
Да! Покрај западната астрологија, специјализиран сум и за Џотиш - ведска астрологија, која нуди подлабок увид во кармата, животните циклуси и духовниот развој.

Користам различни дивизионални карти (Д1, Д9, Д10, Д60 и други) за подетална анализа на секој аспект од животот.
Дали може да ми направите предвидување за иднината?
Да, астрологијата овозможува анализирање на идни периоди преку техники како:

Транзити (движење на планетите и нивното влијание).
Прогресии (внатрешен развој низ времето).
Соларна и лунарна анализа (годишни и месечни предвидувања).
Махадаши и антардаши (периоди во животот според ведската астрологија).

Астрологијата не е фиксен судбински код, но е мудрост за подобро разбирање и управување со животот.
Може ли астрологијата да помогне во донесување важни одлуки?
Апсолутно! Преку астролошките техники како елекција (избор на најповолен момент), можам да ви помогнам во:

Започнување нов бизнис или работа.
Венчавка и големи љубовни одлуки.
Купување дом или инвестирање.
Планирање на значајни животни настани.
💳
Плаќање и политика
Начини на плаќање и како функционира комуникацијата.
Како можам да платам за услугите?
Начини на плаќање:

Преку банкарска уплата и можност преку western union и moneygram (деталите за уплата ќе ви бидат испратени).
Онлајн плаќање (достапно на барање).
Дали одговарате на бесплатни прашања?
Бесплатен одговор се добива исклучиво во фејсбук групата.

За сите подетални анализи и совети, можете да нарачате професионална астролошка консултација.