| Услуга | Опис | Цена (МКД) |
|---|---|---|
| - Натална карта (Западна астрологија) | - Детална анализа на вашата личност, психологија, внатрешен свет, потенцијали, таленти и животни лекции. Анализата ги вклучува и тековни астролошки транзити како влијаат на вас, и можност да поставите 5 конкретни прашања. | 2200 ден. |
| - Анализа според ведската традиција (Ведска астрологија) | - Одговор на 5 конкретни прашања со детална анализа според Ведите (Rashi Kundali) со (Даша систем и Гочар транзити) + препораки за астро ремедии (кристали, мантри, духовни практики според Ведите) за работа со планетарни енергии. | 6000 ден. |
| - Соларна годишна анализа (Западна астрологија) | - Соларна карта покажува какви предизвици, можности и клучни настани ќе ви донесе годината. Анализа за 1, 3 или 5 години. | 2000/5000/8000 ден. |
| - Соларна годишна анализа (Џотиш) | - Соларна годишна анализа според ведската астрологија (Тајна Варшапхала) систем (Мунта,Гочар и Сахам), опфаќа длабинска интерпретација на влијанијата што ќе доминираат во текот на годината од роденден до роденден. Анализа за 1, 3 или 5 години. | 3000/7000/12000 ден. |
| - Лунарна месечна анализа | - Ова е карта пресметана за моментот кога транзната Месечината повторно се враќа на истата позиција како во наталната карта. Ги покажува енергиите што ќе доминираат во текот на месецот. | 1000 ден. |
| - Синатрија + Композит (Западна астрологија) | - Анализа на љубовна компатибилност. | 3000 ден. |
| - Синатрија (Џотиш) | - Традиционален систем на брачна компатибилност. Раши и Накшатра Кута – Судбинска поврзаност и животна цел на партнерите. | 4000 ден. |
| - Нумеролошка анализа | - Вашите лични броеви и нивното значење. | 1000 ден. |
| - Елекција (избор на поволен момент) | - Елективна астрологија – Уметноста на избирање совршен момент за битни настани. | 1500 ден. |
| - Астрокартографија | - Како различни географски локации влијаат врз вашиот живот. | 2000 ден. |
| - Ректификација на хороскоп | - Метод за одредување на точното време на раѓање, доколку не е познато или ако постои сомнеж за точноста. Точниот час е клучен за правилна анализа на наталната карта, особено за подзнакот (Асцендент), планетите во куќите и предвидувањата. | 1500 ден. |
Грешката кај астролозите е што понекогаш пишуваат „општа слика“ без да ја претворат во јасна насока. Грешката кај клиентите е што доаѓаат со премногу широки прашања а очекуваат конкретен одговор. Факт е дека голем дел од луѓето се задоволни и само ако им „погодиш“ што работат, каков им е бракот, или каков им е карактерот. Тоа може да изгледа импресивно, ама мора да расчистиме нешто важно. Астрологијата не смее да се сведе на погодување. Астрологијата не е игра на „погодок“. Таа е компас која дава ориентација, модели, циклуси, периоди и избори. Ако ја сведеме на шоу/прогноза, ја понижуваме и дисциплината и сопствената работа.
Најголемата грешка кај клиентите е што не поставуваат конкретни прашања. Најчесто добивам прашања од типот „кажи ми за здравје“. Добро, ама што точно значи тоа „кажи ми за здравје“? Дали знаете колку е голема една астролошка куќа и колку сценарија може да донесе една иста планета во таа куќа, со аспекти, владетели, прогресии и транзити? Еден ист показател кај едно лице може да даде проблем со сон и нервен систем, кај друго метаболизам, кај трето стрес што носи проблем со желудник, кај четврто психосоматика итн. Значи прашањето мора да се конкретизира.
Наместо „кажи ми за здравје“, прашајте вака- Имам проблем со тоа и тоа, на пример проблем со спиење и анксиозност, во кој период се засилува и што да избегнувам? Имам проблем со желудник и киселини, дали периодов е критичен и што ми е главниот тригер? Имам болки во грб и врат, дали ми е од работа, од стрес, од навики, и како да се стабилизирам? Сакам превенција, која ми е најслабата точка во телото и како да ја чувам низ годинава? Еве, тоа се прашања што можат да се читаат сериозно, и што можат да дадат сериозен одговор. Прашање од типот кажи ми општо за здравје е исто како ништо да не сте прашале.
Истото е и со љубовта. „Кажи ми за љубов“ е премногу широко. Како прво и основно морам да знам дали воопшто сте во врска, дали сте имале посериозна врска, дали сте биле во брак, дали имало развод итн. Дали прашувате дали ќе влезете во врска во наредните 12 месеци? Дали прашувате зошто постојано бирате ист тип човек и после страдате? Дали прашувате дали оваа врска има потенцијал за брак или е лекција што треба да се затвори? Дали прашувате за доверба, за љубомора, за граници, за заеднички живот? Една реченица може да крие десетици различни теми. И многу често и после нагласувањето дека ми е потребно дополнително објаснување, повторно ништо не добивам конкретно. Се разбира ова не важи за сите. Има клиенти кои точно знаат што и како да прашат.
И со работа е исто. „Кажи ми за кариера“ не значи буквално ништо ако не знаете што точно ве мачи. Дали сакате промена на работа? Дали сте заглавени во институции? Дали ви треба насока дали да одите на приватно или да останете на стабилна позиција? Дали прашувате кога е период за напредување, а кога период за учење и трпение? Дали ве кочи страв од успех и саботажа? Тоа се конкретни теми, и тука астрологијата навистина станува алатка а не некаква забава.
И парите исто така. „Ќе имам ли пари или ќе станам ли милионер?“ се крајно детски прашања, а животот верувајте не е воопшто детски. Подобро е да прашате зошто ми истекуваат парите без да осетам? Дали имам потенцијал за втор приход и преку што? Кога е паметно за кредит, и дали воопшто ќе можам да го одплаќам? Кои периоди носат ризик од загуби преку импулсивни одлуки? Како да си направам стабилен систем, не само „среќен период“?
Значи, да кажам јасно, ако сакате писмена анализа да ви биде точна, корисна и „да ве погоди“, не барајте да ви се погодува. Барајте конкретна насока. Поставете прашање што има контекст, период и цел. Јас не сум тука да ви го „погодам“ животот, тука сум да ви помогнам да го разберете и да се движите по него попаметно.
Во астрологијата, најголема вредност има добро поставеното прашање со дополнително објаснување. Кога прашањето е конкретно, одговорот станува многу конкретен. Кога прашањето е магла, добивате уште поголема магла. И тоа не е затоа што астрологот не знае, проблемот е што животот е широк, а вие му барате со еден збор да ви објасни цела куќа.
Затоа, следен пат кога ќе побарате анализа, не ме прашувајте „кажи ми за сè“. Кажете ми што точно сакате да расчистите. И тогаш астрологијата ќе ви покаже зошто постои, да ви даде компас, не трик.
Значи клиентот не треба да доаѓа како да фрла паричка во бунар, а астрологот не треба да пишува како енциклопедија без адреса.
| Информација | Опис |
|---|---|
| 🌟 Име и презиме | Вашето целосно име и презиме. |
| 📅 Датум на раѓање | Ден, месец и година на раѓање. |
| 🕰 Точно време на раѓање | Час и минута на раѓање. |
| 📍 Место на раѓање | Град и држава каде што сте родени. |
| 🏠 Моментално место на живеење | Место каде што моментално живеете. |
✨ Забелешка: Точното време на раѓање е клучно за прецизно толкување на хороскопот! Доколку се сомневате во точноста, пожелно е да се користи метод на ректификација за одредување. 🔭